НАРКОБОСОВИТЕ СЛЕДЕНИ ЦЕЛА ГОДИНА СЕ ВО БЕГСТВО - акцијата „Планина“ пробиена, но уште нема докази за вмешаност на лица во МВР
Објавено во: Македонија 26 Март, 2021
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, денеска соопшти дека цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од ова обвинителство, ги следеле двете криминални групи чии членови вчера беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба.
Шефицата на Организиран Русковска, потврди дека истрагата била пробиена, но нема информации за евентуална вмешаност на вработени во МВР.
„Петмината главни кои се во бегство и по кои се трага, ако беа фатени и им беа одземени телефоните, ќе имавме повеќе докази, но ќе вложиме напор од електронските уреди кои се одземени да видиме дали има поврзаност со вработении во МВР или други институции и во сите случаи каде ќе се докаже тоа, инволвираните ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, потенцира обвинителката.
Таа жали што во оваа масивна акција за сузбивање на наркодилерска мрежа, се фатени само продавачите на дрога.
„Обвинителството има доволно докази за наркобосовите и се надевам дека наскоро ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата“, рече Русковска.
Инаку, според деталите што ги даде Русковска на денешната пресконференција, во Грчец бил извршен претрес на 26 локации, приведени се 13 лица, од кои на 9 им е изречена мерка притвор, на тројца куќен притвор, и за едно лице мерка за претпазливност. Пет лица се недостапни, рече Русковска, додавајќи дека еден од приведените е малолетник и тој ќе биде процесуиран според соодветните закони.Во Гази Баба, пак, како што објасни, биле извршени претреси на 9 локации, осум лица се приведени и во притвор, а едно е во бегство.
Од двете групи се одземени 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари, 500 франци, а од дрога – 5 килограми марихуана и 600-700 грама кокаин.
Русковска нагласи дека од почетокот на истрагата не очекувале дека ќе наидат на големи количества дрога со оглед на тоа што групите се осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори“ со оглед на тоа што дрогата која ја препродавале ја складирале на тајни локации.
„Најголем дел од парите и дрогата се пронајдени при претресите во Гази Баба, а само мал дел е пронајден и одземен во Грчец“, рече обвинителката. Таа се надева дека од одземените телефони ќе излезат докази за друго кривично дело.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.