НАРОДЕН ХОРОСКОП: Дознајте што вели судбината за вас
Објавено во: Општо 04 Октомври, 2017 20:35
Во минатото книгата наречена „Вечен календар“ можела да се најде во речиси секоја куќа, поради многубројните толкувања кои во себе ги содржела, кои им биле потребни на луѓето за одредување на бериќетната година, предвидување на свадбените веселби и слично.
Во овој народен хороскоп луѓето се делат само по месецот во кој се родени и народниот хороскоп изгледа вака:
Јануари ( Водолија)
Луѓето кои се родени во овој месец се зборлести, духовити, чесни, искрени и големи лутковци. Често знаат да бидат маѓепсани од љубовта, па да фантазираат постојано за гушкање и бакнување на саканиот. Најчесто на свет доаѓаат со одреден белег на градите, рамената, кој ја содржи целата нивна животна среќа.
Овие луѓе најчесто стапуваат во брак во јули, но знаат и да стапат и во втор брак, ако првиот не ги исполни нивните очекувања.Жените родени во овој месец се убави, кокетни, но љубовта среќа пронаоѓаат дури со својот трет партнер. Нивниот живот може драстично да се променува на 3,16 и 26 години.
Смртта може да им дојде во вода, како последица на инфаркт и запушување на крвните садови, но тоа најверојатно ќе биде по нивната 70та година и во месец август.
Февруари (Риби)
Луѓето кои се родени во овој месец се движат гордо и исправено и пленат со стој свој став. Науката е место каде ќе се пронајдат, а токму таа ќе им овозможи да го прошетаат целиот свет. Нивните знаења и добрина ќе им обезбедат позиција на шеф, на која ќе останат се до пензионирањето, опкружени со почитта на другите.
Најчесто се раѓаат со белег на образот или челото и со способност да го штитат оној кој го сакаат по секоја цена. Девојките родени во овој месец се паметни, убави со неодоливи румени образи и истакнати веѓи. Ако ја преживеат својата 28ма година, ќе живеат се до 90 години, кога ќе починат во месец декември.
Март (Овен)
Луѓето родени во овој месец се верни, со чесен и херојски дух, но и со прикриен гнев и лутина кои ретко доаѓаат на површина. Патувањата се оние кои им даваат мотив за живот, посебно кога ќе останат без својата сакана личност.
Нивниот живот најчесто е поделен на два дела, односно ако ја преживеат 22 година, ја доживуваат и својата 69 година, која во несреќен случај згаснува нивниот живот. Коските и тетивите се места кои ќе им создаваат главоболки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





