06 Декември, 2025
0.3127

Народен рецепт за полесно исфрлање на каменчињата од бубрезите и жолчката

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2014 19:46

Добивај вести на Viber

Ви претставуваме народен рецепт за топење и исфрлање на каменот од организмот. Состојки: -250 гр. шеќер во прав -0,25 л. природно маслиново масло -250 гр. лимон со кора -250 гр. корен од магдонос (мелен) -250 гр. мед Подготовка: Добро измијте го лимонот, исечкајте го на парченца и сомелете го во блендер. Коренот од магдоносот излупете го, исечкајте го на парчиња и сомелете го како и лимонот. Во измелените состојки додадете го медот, маслиновото масло и шеќерот во прав и мешајте сè додека смесата не се изедначи потполно. Консумирајте по една супена лажица од овој лек секое утро на празен стомак и секоја вечер пред да си легнете. Смесата потребно е да ја чувате во фрижидер во стаклено шише за да не ви се расипе. За решавање на повеќето проблеми со песокот или камењата во бубрезите и жолчката потребно е да испиете две наведени мери, но не ги правете одеднаш за да биде лекот во добра состојба. Неговиот состав има пријатен вкус и е здрав и за други намени, како борба против инфекции и бактерии. Важно е да се напомене дека за време на терапијата треба да пиете што повеќе течности.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: