28 Октомври, 2024
0.0248

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција од страна на Народната банка е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, и носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики. 

Народната банка на Македонија дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Емилија Нацевска и  директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД. 

Во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, Народната банка редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Така, од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува неконсолидираните кварталните финансиски сметки, состојби, а од крајот на месецов ќе почнат да се објавуваат и податоци на консолидирана основа. Во тек се подготвителни активности за податоците за финансиските текови, кои ќе почнат да се објавуваат од 2025 година - се нагласува во соопштението испратено од НБРСМ.

Од НБ додаваат дека во делот на екстерните статистики, во тек се два проекта за електронско известување за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка. Kaj монетарната статистика, од централната банка велат се продолжува со активностите од проектот за интегриран систем на прибирање на податоци од банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели.

- Годинава за првпат беше објавен и Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри достапноста на овие податоци, што е од клучно значење за анализите поврзани со климата и креирањето политики, како и да придонесе за подобро следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогне подобро да се следат трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Народната банка постојано применува и практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци - беше посочено на состанокот.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите