19 Декември, 2025
0.0831

НАШИНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ХРВАТСКА, се бараат карти и кон европските гастербајтерски дестинации

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Почетокот на туристичката сезона во Хрватска примамува се повеќе Македонци, кои изминатиов период најмногу патувале кон некои од туристичките дестинации во оваа земја. Но, традиционално нашинците најчесто патуваат во некои од земјите во Европа каде има најмногу гастебајтери како што се Германија, Австрија и Швајцарија.

Податоците покажуваат дека во првите три месеци од годинава има зголемување на бројот на патници кои користеле патнички превоз, односно патувале со автобуси, но има намалување на превозот на стоки.

- Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 899 илјади, во градско-приградскиот превоз 12.097 илјади, во железничкиот превоз 102 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 493.096. Во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 40,8 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 8,1 отсто – стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

Се забележува дека има зголемување на бројот на патници како во меѓуградскиот превоз, така и во националниот и меѓународниот превоз. Исто така бројот на патници се зголемува кај сите типови на превоз, поточно кај патничкиот, железничкиот и авионскиот.


Упатените за Фактор потенцираат дека со оглед на случувањата во пандемијата сосема очекувано е да има раст на бројот на превезени патници, но појаснуваат дека се уште не се вратени на патеките од пред пандемијата.

- По катаклизмата која се случи поради пандемијата сега е сосема очекувано да растат бројките на превезени патници. Сепак, за репер ако ја земеме 2019 година кога нормално се патување, ниту кај нас, ниту во светот не се повратени бројките. Имаме пад на бројот на патници и на светско ниво и кај нас, но има подобрување во споредба со минатата година – објаснува Масер Омерагиќ, сопственик на компанијата „Руле турс“.

Омерагиќ за Фактор вели дека генерално се очекува да се зголеми бројот на патници во текот на јуни и јули, но додава дека воопшто не е лесно да се прават прогнози, и да се даваат оценки за повраток на патниците бидејќи многу фактори влијаат меѓу кои и времето кое воопшто не е предвидливо периодов.

- Очекуваме раст на патниците, но како ќе биде е тешко да се гарантира. Овој период забележуваме дека им повеќе нашинци кои патуваат кон Хрватска, има голем број наши сограѓани кои веќе заминуваат за Хрватска каде најверојатно ќе бараат работа во туристичкиот сектор. Исто така вообичаено се купуваат карти и се патува кон три европски земји каде имаме наши иселеници, тоа се Германија, Австрија и Швајцарија – потенцира Омерагиќ.  

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии