„НАШИТЕ АНГЕЛИ ЗАСЛУЖУВААТ ПРАВДА“ - семејствтата на жртвите повторно излегоа на протест во Кочани

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 20:15
Со фотографии во рацете од своите прерано загубени чеда, и со транспаренти „Нашите ангели заслужуваат правда“ под мотото „Задоцнета реакција“, семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно излегоа на протест во Кочани. Ова е втор протестен марш откако се случи несреќата што одзеде 61 живот.
Маршот почна симболично во 12 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време што ја симболизира доцната реакција на институциите – како еден од факторите што придонеле за катастрофата.
Пред полициската станица, граѓаните одржаа едноминутен молк, барајќи одговорност од безбедносните органи за нивната неефикасност. Потоа протестот продолжи пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство, каде што беше упатено јавно барање за информации и транспарентност околу текот на истрагата.
Семејствата на загинатите порачаа дека нема да престанат да маршираат додека не се утврдат причините и одговорните за трагедијата.
Можеби ќе ве интересира
ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово
