„НАШИТЕ КОРЕНИ НОСАТ САМО ЕДНО ИМЕ, ГОЛЕМИОТ АЛИ АХМЕТИ“ - за Шкодране Дардишта, лидерот е семоќен
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2023 10:00
Шкодране Дардишта, секретар за еднакви можности во огранокот на ДУИ во Чаир, синоќа, на форумот на жени кој се одржа во таа општина, а чија тема беше „Лице в лице за еднакви можности, даде интересна изјава.
Имено, таа кажа дека Чаир бил и ќе остане упориште на ДУИ и Али Ахмети, и како што рече, секоја работа започната со чисти намери, мириса на победа. Таа исто така кажа дека соочувањето со среќата е полесно и ќе биде полесно кога во партијата ќе се држат за корените, а не, како што објасни, за гранките.
„Нашите корени носат само едно име, големиот Али Ахмети. Многу работи беа кажани и ќе се кажат. Чаир беше и ќе остане упориште на ДУИ. Вечерва жените докажаа дека Чаир останува непобедлив столб на ДУИ. Последователните победи го носат и печатот на жените од Чаир. Кога ќе се собереме, можеме да ги срушиме сите бариери. Ние сме велесили кога сме заедно. Сакам да му се заблагодарам на семоќниот Али Ахмети“, рече Дардишта.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




