24 Ноември, 2024
0.0280

„НАСИЛНО, БЕЗ СОПИРАЊЕ, СО МНОГУ ИЗБУШЕНИ ГУМИ, ТИГРИТЕ СО ГОЛЕМА БРЗИНА СЕ ПРОБИВАЛЕ НИЗ ЗАСЕДАТА НА УЧК:“ Ангелов се присети на кобната заседа кај Карпалак

Објавено во: Македонија 08 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Денес се навршуваат 23 години од заседите на Карпалак.

На овој ден се присети тогашниот генерал, Стојанче Ангелов, актуелен директор на ЦУК.

23 години подоцна

ЗАСЕДИТЕ КАЈ КАРПАЛАК

На самиот крај на јули 2001 година на повик за помош, вод специјалци од Тигрите итно упатив кон Тетовско да извлече опкружена мала полициска единица. Командантот на Тигрите Горан Здравковски беше надвор од државата во набавка на специфично оружје.

Вод од дваесетина Тигри со 4 борбени оклопни возила "Хермелин" и едно теренско возило "Пинц Гауер" со тревога ја напушти касарната Илинден продолжувајќи по автопатот од Скопје кон Тетово.

Во моментот кога колоната борбени возила на Тигрите навлегла во месноста Карпалак врз нив бил отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ).

Во тој момент јас, иако триесетина дена претходно тешко ранет во Арачиново, се наоѓав на своето командно место во касарната Илинден.

Командирот на вод, херојот Васко Стамевски ми се јави на телефон и силно викајќи, за да можам да го слушнам од пукотниците кои одекнуваа од слушалката на мобилниот телефон, ме извести дека влетале во заседа на УЧК. Сите 4 митралесци од Тигрите жестоко распалиле кон позициите на УЧК со што ја намалиле нивната прецизност. Насилно, без сопирање, со многу избушени гуми, Тигрите со голема брзина се пробивале низ заседата на УЧК.

Во еден момент, Хермелинот во кој се наоѓал командирот херој Васко Стамевски, бил погоден со ракета од РПГ. Силната детонација го пробила оклопот на возилото, огнениот млаз од ракетата влегол внатре во возилото, од силниот притисок на повеќето Тигри им биле оштетени ушните тапанчиња и почнало да им тече крв од ушите.

Подотворената странична врата на Хермелинот врз која паднала вреќичка со песок и поради брзање не успеале да ја затворат до крај, овозможила да се намалили внатрешниот притисок од детонацијата и им го спасила животот.

Во истиот момент неотворен сандак со куршуми калибар 7,62х39мм, за автоматски пушки, од пламенот на експлозијата се запалил и силно почнал да гори. Околу него имало куп други сандаци со разни типови на куршуми и експлозивни средства вклучително и рачни бомби, ракети за РПГ, зољи, гранати за автоматски фрлачи на гранати, итн...

Од силината на експлозијата возачот херој Раде Колев делумно ја изгубил свеста. Командирот херој Васко Стамевски почнал да вика по него да додава гас на возилото а тој се фрлил на воланот помагајќи му во одржување на правецот на движење...

Истовремено Тигарот херој Мите Глигоров, отворил шише кисела вода и почнал да истура врз запалениот сандак со муниција чиј пламен се разгорувал многу брзо. Во секој момент Хермелинот со Тигрите можел да летне во воздух...

Добрата обука, храброста, пожртвуваноста, тимската работа и борбеното искуство на Тигрите како и транспортните борбени оклопни возила помогнаа сите полициски специјалци да останат живи. Некои од нив со ослабнат слух, но сите живи.

Десетина дена подоцна, на 08 август 2001-та, колона армиски резервисти, по истиот патен правец е упатена кон боиштето во тетовско. На истото место на кое десетина дена претходно храбрите Тигри влетаа во жестока заседа сега минуваше слабо обезбедена колона армиски возила

вклучително и автобус.

Неколку секунди подоцна врз армиската колона беше отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ). Еден минибус полн со храбри припадници на армискиот резервен состав бил погоден со ракета од РПГ и почнал да гори...

Во заседата кај Карпалак загинаа 10 македонски херои, припадници на резервниот армиски состав:

Ердован Шабаноски (20)

Веби Рушидоски (26)

Марко Деспотоски (27)

Дарко Вељаноски (27)

Горан Миноскии (29)

Пеце Секулоски (29)

Љубе Грујоски (31)

Сашо Китаноски (39)

Бранко Секулоски (42)

Нане Наумоски (48)

Вечна ви слава, херои македонски!“, напиша тој на фејсбук.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП