28 Април, 2024
0.0260

Насир Селими: Политиката ја занемари економијата

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

 Насир Селими коментирајќи ја слабата реализација на капиталните инвестиции во првата половина од оваа година вели дека не е новина тие да бидат први за кратење во буџетот, но алармира дека мора да се смени актуелната статистика.

„Обично, секоја Влада па и претходната најлесно крати на капиталните проекти. Сепак јавноста очекува многу повеќе токму во овој дел затоа што капиталните расходи се предуслов за развој на економијата. За жал и годинава има потфрлување и оваа Влада не е ангажирана многу за капиталните инвестиции. Треба многу посериозно да се зборува и да се делува. Во ред е да има фокус на политичките проблеми, тие до некаде имаат предност, особено ЕУ и НАТО интеграцијата но мора институциите да се фокусираат и на инфраструктурата и на другите капитални проекти. Тоа што не е изграден патот Кичево –Охрид веќе станува голем проблем на пример. До Драч еве на пример се патува по осум часа што не било случај, вели Селими за Фактор.

Како што објавивме, за половина година не се потрошени ниту една петина од предвидените пари за патишта, училишта градинки, железница. Од месец во месец реализацијата на капиталните расходи беше лоша, па на полугодишно ниво кога практично треба да се реализирани барем 40 до 50 отсто од овие расходи, не се потрошени ниту 20 отсто. Според податоците од Министерството за финансии за капитални расходи, државата годинава во шестте месеци потрошила само 65,3 милиони евра, што е точно 16,65 отсто од предвидените пари за годинава. Имено за оваа намена во годинешниот буџет се предвидени 392 милиони евра.

Инаку вкупните приходи се реализаирани во процент од безмалку 47 проценти од вкупно предвидените, а расходите се реализаирани во процент од речиси 45 отсто.

Од Министерството за финансии  велат дека во моментов не се работи на ребаланс на буџетот, оти и прибирањето на приходите е на задоволително ниво.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност