Наскоро безжичен мp3 плеер кој се вградува во ушите, а се контролира со забите
Објавено во: Стил
06 Октомври, 2013 11:42
Добивај вести на Viber
На пат се новите безжични слушалки со вграден mp3 плеер – „Split“. Се уште во фаза на прототип, тие се дизајнирани со мемориски капацитет од 256 мегабајти, а ги контролирате со едноставен загриз со вилицата.
Двете магнетни слушалки се вклучуваат веднаш штом ги раздвоите. Тие се всушност два mp3 плеера што ја свират вашата музика во исто време, а се синхронизирани преку радио бранови. Гризнете еднаш, и вградениот акцелерометар и дава наредба на направата да прејде на наредната песна. Гризнете 2 пати по ред за да ја контролирате јачината на звукот. Ако џвакате мастика или планирате да јадете, само допрете ја десната слушалка и ќе го заклучите плеерот.
Малиот капацитет од 24 песни не е многу од помош при долгите патувања, но е перфектен при џогирање и вежбање. Плеерот се плни со USB кабел, но креаторите работат на тоа да овозможат полнење и снимање на песни во исто време.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: