05 Декември, 2025
0.0475

Наскоро „Нестле“ универзум

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2013 16:07

Добивај вести на Viber

Во чест на 150 години постоење компанијата „Нестле“ќе гради комплекс кој ќе содржи три историски објекти - првобитната фабрика, вилата во која некогаш бил сместена бизнис канцеларијата, како и металната конструкција на некогашниот Булонжери.

Импозантниот комплекс ќе се наоѓа во улицата Боске во швајцарскиот град Веве, каде основачот на компанијата Анри Нестле во 1866 година започна производство на слатки и кондиторски производи.

Оваа корпорација за производство на различни видови прехранбени производи, според швајцарскиот печат, планира до 2016 година, кога ќе прослави 150 години од постоењето, ќе ги обнови старите зданија и во нивното опкружување да подигне центар со интересни содржини.

Главна атракција на комплексот ќе биде Космос, во чиј состав ќе се наоѓаат седум тематизирани павилјони кои посетителите низ подземни ходници ќе ги води во откривање на „Нестле универзумот“.

Во комплексот ќе биде вклучен простор за анимација на деца, изложбен простор, ресторан, кино, сала за конференција и бутик. На два ката на обновената фабрика ќе биде сместена архива на компанијата, за која денеска работат 283.000 луѓе ширум светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: