06 Декември, 2025
0.0362

Настинати сте? Победете ја настинката со природни антибиотици!

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2014 17:21

Добивај вести на Viber

Борбата против многу болести стана невозможна мисија без антибиотици, но знаејки за штетните дејства на оние синтетичките се повеќе сме во потрага по лековити билки кои имаат карактеристики на природни антибиотици.

Повеќето од нив содржат супстанции кои ги уништуваат микроорганизмите и го јакнат имунитетот, во сезона на грип која е пред нас запознајте ги природните лекови кои даваат многу, а малку земаат.

1. Лук

Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии како што го прават тоа хемиските антибиотици. Благодарејки на главната состојка  масло со алин кои со сечење или пресување се разградува во алицин, лукот има антибиотско дејство. Го успорува растот на бактериите, и успешно ги уништува вирусите и габичките па е многу делотворен како средство против настинка и грип. Стручњаците препорачуваат конзумирање од 2 до 5 гр. свеж лук дневно.

2. Ehinacea

Билка која го поттикнува правилното функционирање на имуниот систем делотворно делува како антивирусно средство кое помага во борба против инфекции и го снабдува телото со потребните антиоксиданти со што го јакне имунитетот. Посебно се препорачува во тек на зимата како добра превентива и како лек против грип. Истражувањата покажале дека доколку ехинацеа се употребува во комбинација со Ц витамин можноста за настинка се намалува за дури 85%.

3. Оригано

Лековитата моќ на оваа билка со интензивен и јак мирис ја дава есенцијалното масло благодарејки на кое делува како природен антибиотик, средство за искашлување и ширење на бронхиите, кај воспаление на синуси, болка во грлото, настинка и грип. Маслото добиено од листовите на оригано содржи лековита состојка карвакрол, кој поседува неверојатни антибактериски својства. Маслото од оригано има силно дејство на вообичаените патогени бактерии, како што се Стафилокок, Е- коли и Листерија.

4. Гинсенг

Го нарекуваат корен на животот бидејки пред се помага во целосно искористување на витамините и минералните материи во организмот. Коренот од гинсенг содржи гинсенозиди, материи кои ја подобруваат општата состојба на организмот, помага при воспалителни заболувања на зглобовите, дигестивни пореметувања, замор, несоница, делува на слабокрвност, го јакне имунитетот и го ублажува стресот. Гинсенг делува на зголемување на активноста на белите крвни клетки, кои се борат против бактериски и вирусни инфекции и така претставува обавезен лек во борба против грип и други „ зимски “ болести.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: