29 Март, 2024
0.0237

Наташа е мајка на две момчиња: Пренесува искуство за породилно отсуство од Англија

Објавено во: Стил 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Наташа живее и работи во Лондон. Од секогаш сакала да има кариера, но и семејство. Раскажала како успала да ги усогласи двете желби, каков е односот на работодавецот кон идните мајки во Велика Британија и што може да очекува од државата.

Како прашање се наметнува како проблемите со наталитет и регулатива за семејно боледување го решиле европските земји.

Ова е искуството на Наташа Јеремиќ, мајка на две момчиња која живее во Лондон. 

Наташа докторирала хемиско инженерство. Вложила многу време и напори во своето образование, така што кариерата од секогаш и било нешто важно во животот. Но, исто така сакала да биде остварена и на приватен план, па така родила две момчиња, Лука и Александар, во релативно краток период од 16,5 месеци.

-Никогаш не почувствував мојата кариера да трпи затоа што имам деца. Имав добри работодавци кои беа флексибилни кога се вратив на работа, а притоа ми плаќаа и поголем сеемен надомест отколку што пропишува законот. Во суштина се многу зависи од работодавецот-вели Наташа.

Објаснува дека мајката во Велика Британија има право на девет месеци платено породилно отсуство, или уште дополнителни три месеци, кои воопшто не се платени. Услов за добивање на платено семејно отсуство е да била вработена минимум шест месеци пред терминот за породување.

-Првите шест недели мајките примаат 50 отсто од целата заработка, а после тоа примаат само надомест за статуторно породилно отсуство, кое е слабо платено, околу 130 фунти неделно. Исто така, во моментот на раѓање на детето повеќето деца добиваат право на детски додаток, кој изнесува 20,70 фунти за првото дете неделно и околу 13 фунти неделно за второ, трео и останатите деца - објаснува Наташа.

Открива дека негата за деца во Британија е многу скапа и дека зависно од локацијата на градинката во полно време по дете во околината на Лондон месечно чинат од 1000 до 1200 фунти месечно. Тоа е и главна причина поради која повеќето мајки не се враќаат на работа или се враќаат на неколку часа неделно.

-Владата на Велика Британија дури од 4та година плаќа 30 часа градинка неделно и тоа е време кога мајките полека се враќаат на работа бидејќи и математиката е малку подобра. Но треба да се стигне до четвртата година - вели во шега таа, чии сиови сега имаат пет и седум години.

На крај додава и дека голема помош и била мајка и и сестра и од Србија бидејќи цената на целосна нега за две момчиња носела една плата. И тао е уште еден доказ дека без семејството нема ништо и дека токму затоа треба да мислиме за наталитетот.



FOTO: SHUTTERSTOCK