НАТО ќе ги зголеми силите за брза реакција до 40 000 луѓе
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2015 10:34
Министрите за одбрана на земјите во НАТО се договориле да го зголемат капацитетот на силите за брза реакција до 40 000 лица, соопшти „Ројтерс“. Во моментов овие воени сили се околу 13 000.
Во рамките на силите за брза реакција НАТО планира создавање на специјални сили од 5000 војници, кои можат да бидат мобилизирани во рок од 48 часа. САД ветија дека ќе придонесат за оваа единица со воени специјалци, разузнавање и други елитни војници или опрема.
Постои ризик од обновување на интензивните борби во источна Украина, каде примирјето редовно се нарушува, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а соопштија светските агенции, повикувајќи се на „Франс прес“.
Тој зборувал денеска во Брисел на отворањето на седницата на Комитетот на НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана. „Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите, доставувајќи им оружје и војници. Таа ги задржува значајните сили на границата со Украина“, изјавил шефот на НАТО.
Столтенберг истакнал дека најдобар пат за решавање на конфликтот е почитувањето на Минскиот договор и повикал кон тоа сите страни во конфликтот, истакнувајќи посебната одговорност на Русија. На седницата учествуваат министрите за одбрана на 28-те земји членки на Алијансата.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




