06 Декември, 2025
0.0591

Научници: Какаото го подобрува памтењето

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2014 16:25

Добивај вести на Viber

Дневното конзумирање на вкусниот пијалок какао, може да направи еден просечен 60-годишник да има сеќавање како да е 20-30 години помлад.

Една американска студија открила дека какоото содржи биоактивни состојки кои го враќаат сеќавањето кое со губи со текот на годините.

Научниците од медицинскиот центар кои припаѓаат на Колумбија универзитетот објавија резултати од истражување базирано на ефектите на флавонид од семето на какаото , на мозок кој старее.

Истражувањето е објавено во магазинот „Nature Neuroscience“ во неделата.

Група од 37 здрави доброволци на старост од 50-69 години биле поделени во две групи. Секој ден, наредните три месеци посено им е подготвуван пијалок од какао кој не постои во комерцијална продажба.

Едната група конзумирала пијалок со 900 мг флавоноиди дневно а другата само 10 мг.

„Ако учесниците имале сеќавање на просечен 60-годишник на почетокот од студијата, после три месеци сеќавањето на таа личност било за 30-40 години помлад“, вели истражувачот Скот Смол.

Во експериментот е набљудуван дел од мозокот кој е одговорен за формирање на сеќавањето и кој е чуствителен на годините. Поради тоа научниците морале да го снимаат мозокот и да ја мерат количината на крв која доаѓа до мозок.

„Нашата студија за прв пат, покажува како флавоноидите ги подобруваат функциите на дел од мозокот кој е чуствителен на стареење“, рекол Смол.

За да ја покажат разликата во сеќавањето, учесниците морале да поминат посебен тест за сеќавање - 20 минутна шема на препознавање.

Флавоноиди има во чоколадата на во занемарлива колична во однос на количината која им е дадена на учесниците во експериментот.

Покрај какаото и чоколадата, флавоноиди има и во некои чаеви, овошја, зеленчук, грозје, јаболки, боровници. Покрај сеќавањето, флавоноидите влијаат и на здраво срце, спречуваат удар и срцев удар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: