06 Декември, 2025
0.3593

Научници откриле: Најдобар лек за настинка е одмор!

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2014 11:22

Добивај вести на Viber

Најдобриот лек за настинка и зголемена телесна температура е одмор, советува германскиот научен магазин Naturartz  во најновиот број.

Знаејќи дека земањето лекови за смалување на температура може субјективно да ја подобри состојбата, пациентите често, чуствувајќи се болни, стануваат од кревет и ги извршуваат своите секојдневни активности и не одмараат доволно.

Високата температура е важна во борбата против инфекциите, нагласува магазинот. Исто така се препорачува конзумирање на течности за да се одржат влажни слузниците во текот на болеста.

За да добие што повеќе телото витамини и секундарни производи од билките - заштитни хемикалии кои ги произведуваат билките а имаат лековити својства за луѓето - магазинот препорачува полно овошје и зеленчук.

Две волшебни билки за одвраќање на вирусот и бактеријата како и јакнење на имунолошкиот систем се ренот и лукот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: