20 Декември, 2025
0.0408

Научници откриваат како и зошто стануваме зависни од парите

Објавено во: Мои пари 10 Јануари, 2014 15:00

Добивај вести на Viber

Во свет во кој милиони луѓе едвај врзуваат крај со крај , психолошките проблеми на богатите тешко го привлекуваат вниманието . Во исто време, една студија покажа дека по силата на длабоко вкоренет инстинкт, ние постојано се стремиме да освоиме повеќе отколку што евентуално можеме да потрошиме , дури и кога овој дисбаланс не прави несреќни. Како човек станува зависник од парите? Џерфи Фајфер, професор по теорија на организацијата на Stanford Graduate School of Business , ја истражувал темата за зависноста кон парите и предностите на покачувањето на платите. Заедно со двајца свои колеги - Санфорд Девол од Универзитетот во Торонто , Канада , и Бајрон Ли од Универзитетот во Ренмин , Кина , тој објави истражување , според кое зголемувањето на вредноста и изворите на приходи се одразува на значењето што го придаваме на парите во животот. Истражувањето започнува со цитат на Даниел Весела , поранешен шеф на швајцарската фармацевтска компанија Novartis AG, кој признава : " Чудно е , но колку повеќе пари заработувам , толку повеќе мислам на пари . А кога не ми се наметнува да размислувам за пари , откривам дека размислувам за нив дури и повеќе " . Во суштина, тоа е најдобриот опис на зависноста од парите. Професор Фајфер смета дека кога парите веќе не ни се потребни за задоволување на основните потреби ни , тие стануваат главно средство кое ги докажува нашата компетентност и заслуги, соопштува The New York Times . За да ја проверат хипотезата , научниците се потпираат на долгогодишна студија спроведена меѓу 1991-2009 година во Велика Британија , во која домаќинства требало да ги рангираат парите на скала од 1 до 10 , така што 10 значи " многу важни". Покрај тоа, учесниците требало посебно да наведат кои пари имаат поголемо значење за нив - заработените со труд или т.н."лесни " (од лотарии , пронајдени, заработени без труд). Резултатите покажале дека колку повисоко се приходите на едно домаќинство , толку поголемо значење на парите придава тоа . За разлика од заработените пари , лесните не предизвикале таков ефект. Друго истражување меѓу студентите во Канада било спроведено на следниов начин. Секој студент (од вкупно 71) требало да направи оригами на авион за пет минути за парична награда од 1 до 10 долари. За некои од нив , износот требал да биде даден за правење на каква и да е фигура , за други - таа била пропорционална на квалитетот на работата. За оние кои ги добиле парите на случаен избор, тие биле само пари. Додека оние за кои парите значат " пофалба " за работата, имале сосема друга вредност. Двете  истражувања јасно покажуваат дека парите кои ги добиваме со својот труд , имаат особено значење за нас. Токму тогаш ние сме најблиску до стапицата на зависноста , смета проф. Фајфер . Ова може да објасни зошто менаџерите на компанијата добиваат повисоки плати , ако : " Никој не сака да биде платен под и над просекот, бидејќи секој си мисли дека е над просекот" , вели американскиот научник . За истражувачот, единственото решение за да се стави крај на оваа зависност , е "компаниите да најдат друг начин да ги наградат вештините и заслугите на своите вработени.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии