НАУЧНИЦИТЕ ДОКАЖАА, НЕМА НУС ЕФЕКТИ: Спутник Лајт е ефикасен во комбинација со други вакцини
Објавено во: Свет 05 Август, 2021 07:14
Вакцината Спутник
Лајт покажува висока ефикасност во комбинација со вакцините АстраЗенека,
Синофарм и Модерна во Аргентина, објави прес -службата на Рускиот фонд за
директни инвестиции.
- Податоците добиени од Министерството за здравство на провинцијата Буенос Аирес покажуваат дека комбинираната употреба на Спутник Лајт со други вакцини и вакцинацијата со две дози само со Спутник Лајт е безбедна - нема сериозни несакани ефекти поврзани со вакцинацијата. Сите комбинации што беа користени за време на истражувањето се безбедни - се наведува во соопштението, пренесува Спутник.
Во моментов, во провинцијата Буенос Аирес, анализирани се податоците добиени по вакцинирањето на 121 волонтер кои ги примиле следните комбинации на вакцини: Спутник Лајт и АстраЗенека, потоа Спутник Лајт и Модерна, Спутник Лајт и Синофарм, како и Спутник Лајт во комбинација со Спутник V.
- Рускиот фонд за директни инвестиции им предложи на други производители партнерство за спроведување заедничко истражување за комбинирана употреба на вакцини. Таквиот пристап има најголеми перспективи за борба против пандемијата, вклучително и нови видови на корона вирусот што се појавуваат низ целиот свет - рече директорот на фондот, Кирил Дмитријев.
- Вакцината Спутник Лајт може ефикасно да се користи во комбинација со други вакцини, што е потврдено со истражување во Аргентина и други земји - додаде тој.
FOTO: Rossiйskiй fond prяmыh investiciй (RFPI)Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




