15 Декември, 2025
0.0315

НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА НОВ РАЗОРЕН ВИД НА КОВИД СО МНОГУ МУТАЦИИ: ЕУ ги забранува летовите од Јужна Африка

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2021 11:03

Добивај вести на Viber

Расте загриженоста за новиот вид на корона вирус. Научниците открија драстично мутирана верзија, нагласувајќи дека таа е толку многу модифицирана експертите ја опишаа како застрашувачка, и дека станува збор за најлошиот вид што го виделе досега.

Иако е сè уште е рано и случаи на новиот вид се потврдени само во една област во Јужна Африка, како и во Боцвана, Хонг Конг, но детектиран е и во Израел кај патник кој се враќал од Малави, веќе научниците алармираат дека има индиции дека новиот сој веќе се проширил. Веднаш се поставуваат прашањата за тоа колку брзо се шири новиот вид, дали може да ја пробие заштитата што ја обезбедуваат вакцините и што треба да правиме.

Сојот ја доби ознаката B.1.1.529, а на состанокот на Светската здравствена организација во петок треба да добие кодно име според грчката азбука, односно ќе биде наречен „ни“.

Тулио де Оливеира, директор на Јужноафриканскиот центар за епидемиолошки реакции и иновации, вели дека постои „невообичаен сооднос на мутација“ и дека има значителни разлики од соевите кои се откриени досега.

„Овој вид нè изненади, имаше голем еволутивен скок и значително повеќе мутации отколку што очекувавме“, рече тој.

Де Оливеира пред новинарите изјави дека новиот вид има повеќе од 50 мутации, односно повеќе од 30 на S-протеинот, што ги таргетира повеќето вакцини.Ако се анализира подетално - доменот на врзување на рецепторите (делот од вирусот кој прв контактира со клетките на нашето тело) има десет мутации, а видот Делта кој моментално е доминантен во светот има само две. Оваа количина на мутации веројатно потекнува од еден пациент чие тело не можело да го победи вирусот. Голем број на мутации не значи автоматски дека е лош. Важно е да се знае точно што прават овие мутации. Но, научниците се загрижени дека овој вирус е радикално различен од оригиналот, кој се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Ова значи дека вакцините, за чие производство е користен оригиналниот сој, можеби нема да бидат доволно ефикасни.

По алармот што го вклучија светските експерти, Европската Унија донесе одлука да ги забрани летовите од Јужна Африка, а Светската здравствена организација има итен состанок на кој ќе се дискутира дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување” или како варијанта „од интерес”.


Можеби ќе ве интересира

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму