(ВИДЕО): Научник планира да направи „Upload“ на својот мозок за да живее вечно
Објавено во: Свет 20 Декември, 2014 17:38
Рендел Куан, научник од Сан Франциско, му откри на светот дека планира да направу „Upload“ на својот мозок на компјутер. Планот на овој научник звучи како да излегол од некој роман со научна фантастика и потенцијално би можел да овозможи вечен живот.
Со мапирањето на мозокот, и сведување на неговите активности на пресметки кои подоцна би биле внесени во компјутер во вид на код, според мислењето Куан ќе им овозможи на луѓето да живеат вечно.
Главна работа која би овозможила овој проект да биде возможен е „Субстрат – независен мозок“ кои според Куан не е само чиста вештачка интелигенција, туку човечки мозок кој ќе биде „внесен“ во компјутер.
„Невролозите сметаат дека 99,9 отсто од човечкиот мозок е механизам“, додал Куан.
Тој наведува дека мозокот е нешто што прави пресметки, што извршува функции, а доколку сфатиме како функционира, тогаш би можеле да направиме негова замена.
„Идејата да може да земете парќе мозок и од него да направите реплика е многу добро сфатена. Тогаш зошто тоа не би го направиле и со целиот мозок?„, рекол научникот.
Тој верува дека мозокот на кој ќе му биде направен „Upload“ на компјутер со помош на веќе споменатиот систем ќе биде во можност да влезе во други светови, вклучувајќи ги тука и виртуелните.
„Би било интересно доколку сте во можност да населите некој виртуелен свет. Или да имате тела кои би биле направени да опстанат во некој друг свет, или на пример во вселената“, раскажува Куан.
Тој ја основал организацијата „Карбонкопис“ која се занимава со технички и етички прашаа околу овој проект.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=VpNtCsQDrjo[/embed]Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




