Научниците неможат да откријат зошто сакаме убави работи
Објавено во: Стил
18 Февруари, 2013 17:10
Добивај вести на Viber
Кога Ерик Кендел, американски невропсихијатар, добитник на Нобеловата награда за психологија гледа убави уметнички слики, тој не размислува само за нивната уметничка вредност, туку и за тоа како луѓето воопшто гледаат на уметноста.
Во неговата книга „Време на проникнување: како да се разбере несвесното во уметноста, умот и мозокот“, др Кендел од научна гледна точка се обидува да ги објасни нашите емотивни реакции на уметничките дела.
„Набљудувањето на познатата слика на Климт „Џудит“, на пример, нејзината златна површина и суптилниот приказ на женската кожа, предизвикуваат лачење на допамин, кој го активира чувството на задоволство“, вели Кендел.
Со повторно и повторно гледање на сликите се стимулира лачење на серотонин, кој го регулира сонот. Др. Кендел објаснува дека комбинацијата на овие две супстанци, односно чувството кое тие го предизвикукваат, неодоливо му годи на човекот и го привлекува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: