Науката докажа: Некои луѓе навистина се раѓаат зли!
Објавено во: Стил 30 Октомври, 2014 19:58
Склоноста кон насилството ја даваат двата гена и сите тешки насилници имаат иста комбинација ...
Научниците откриле два гена одговорни за насилно однесување и утврдиле дека пет до десет отсто од насилните злочини во Финска, каде што е спроведено истражувањето, го направиле токму луѓето со таков генотип.
Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Молекуларна психијатрија (Molecular Psychiatry) со белешка дека ова генетско тестирање не може да се користи за откривање на потенцијалните криминалци. Имено, насилничкото однесување е поврзано и со многу други фактори, од опкружувањето до психологија, а повеќето личности со тие два потенцијално опасни гена никогаш не направат кривично дело.
„Извршувањето на сериозно насилно злосторство е прилично ретко. Иако постои зголемен ризик лицата со овие гени да бидат насилни, апсолутниот ризик е сепак многу низок„, изјавил за Би-Би-Си Џери Тихонон, лидерот на истражувачкиот тим од Каролинскиот институт во Шведска.
Научниците анализирале 900 злосторници, кои ги поделиле во групи според злосторството - од ненасилни до брутални. Излегло дека кај 78 криминалци од бртуално насилната група постои генетска сличност. Тие злосторници направиле вкупно 1154 тешки кривични дела, а сите го имаат така наречениот МАОА ген, познат и како „воен ген“ поради тоа што носи „програм“ за агресивно однесување. Овој ген е одговорен за „дозирање“ ензими кои го контролираат нивото на допамин и серотин во мозокот.
Недостатокот на тој ензим може да предизвика допаминска хиперактивност, поготово кај лицата кои конзумираат алкохол или наркотици, особено амфетамини, вели професорот Тихонен. Не е случајно што повеќето тешки злосторства во Финска, а и во светот, ги прават токму пијани и дрогирани лица. Генетиката, засега, не би смеела да влијае на донесувањето на судски пресуди смета Тихонен. „Единствено важно е дали таа личност е способна да ги сфати последиците на своите дела и дали моѓже да го контролира своето однесување“ предупредува научникот. Експертската јавност е поделена околу резултатот на ова истражување, а еден од критичарите е и Јан Шнуп од славниот Оксфордски Универзитет: „ Да се наречат тие гени „гени за насилство“ би било огромно претерување. Во комбинација со многу други фактори, тие гени би можеле малку да ја отежнат контролата на насилните нагони кај некои личности, но сигурно не можат никој да го преодредат за живот исполнет со криминал“.
И.Р* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





