20 Декември, 2025
0.1469

„Науката го поврзува светот! Поврзи се со УКИМ!“

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 16:25

Добивај вести на Viber

Центарот за кариера на УКИМ организираше настан, трет по ред, под мотото „Зборуваме отворено за наука“.

Настанот се одржа на 12.04.2022 г., на хибриден начин. Притоа, говорниците беа со физичко присуство во Ректоратот на УКИМ, а настанот можеше да се следи и преку платформата Zoom. Настанот го следеа 140 лица, најголем број студенти, што посебно не радува.

Овој пат сакавме да допреме до студентите и да им ја приближиме науката, значајна за секој поединец, која денес во 4.0 индустрија станува отворена, разбирлива, граѓанска, двигател на развојот и дел од современото живеење.


УКИМ, како стожер на знаењето и науката во државата, има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.Токму затоа и овој настан, на кој пораката беше испратена до студентите, до младите истражувачи.

На настанот говореа:

1. Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ

2. Проф.д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ

3. Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ

4. Проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

5. Проф. д-р Марија Вавлукис, вонреден професор на Медицински факултет во Скопје

6. Проф. д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје

7. Проф.д-р Владимир Ивановски, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

8. Проф.д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје

9. Проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал и постојан член на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ

10. Проф. д-р Владимир Атанасовски, редовен професор на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје

11. Проф. д-р Ѓоше Стефков, редовен професор, Фармацевтски факултет во Скопје

12. Марија Акимовска, Менаџер за развој на бизнис во THRIVITY, Модератор на настанот

Студентите зедоа активно учество со свои прашања и дискусија со научниците.

Настанот беше дел од серијалот Зборуваме отворено, во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки