20 Декември, 2025
0.0563

НАУМОВ ДО БАНКИТЕ: Ако владините кредитирања се покажат нелегални, ќе имате проблем

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2016 20:39

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во интервју за телевизија 24 Вести рече дека ако сегашниот нов долг од 56 милиони евра кај домашните кредитори се оспори, тогаш банките, приватните пензиски фондови, осигурителните компании и другите владини кредитори ќе се соочат со проблем.

„Добронамерно велам дека треба да бидат внимателни. Не можам да тврдам, но мислам, а тоа и се гледа дека постои огромен притисок да се вложува во државни хартии од вредност. Мојот апел до кредиторите е добронамерен, наспроти тоа што го гледам како банкарите како дечиња градат куќичка од проектот „Купи куќа – купи стан“, е тоа е омаловажување. Ако овој дел од долгот, што сега се создава без моја согласност биде оспорен, тогаш ќе биде проблематично за кредиторите. На пример, тој дел од долгот би им се вратил преку долгорочни хартии од вредност, ако можеше така да се обештетуваат граѓаните, тогаш зошто тоа да не се примени и кај банкарите на пример, рече Наумов.

Инаку, во вторник државата ќе се задолжи повторно за нови 30,5 милиони евра на домашниот финансиски пазар.

Веќе наредниот ден , во среда, министерството за финансии треба да исплати исто толкава сума како резултат на стари задолжувања.Три дена подоцна, за враќање достасуваат уште 3,25 милиони евра.

Претходно Владата се задолжи 4 пати повеќе од планираното. Преку аукција на државни харитии од вредност, државата се задолжи за 13,4 милиони евра сума која е за 10 милиони евра повисока од планираната.

Откако дополнителниот заменик министер, Кире Наумов побара вето на ваквите задолжувања, судот треба да одлучува за ова.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба