19 Декември, 2025
0.0557

Наумов: Груевски и Ставрески индиректно почнаа да ги покачуваат даноците

Објавено во: Економија 10 Март, 2016 15:36

Добивај вести на Viber

Со предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност од јули 2014, кој е предложен од страна на Владата на Република Македонија, се намалува прагот за регистрација на ДДВ обврзник од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари.

Во образложението за ова решение е наведено дека целта за измената е зголемување на лојалната конкуренција на пазарот.

„Сепак, само 4 години претходно, Владата го промовираше четвртиот пакет антикризни мерки за кој Груевски изјави дека ќе имаат позитивни ефекти не само на краток рок за стимулирање на растот и развојот во земјата, туку и за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани, како и за подигнување на конкурентноста на македонската економија.Втората од мерките наведени во четвртиот антикризен пакет е поврзана со Законот за данокот на додадена вредност, односно подигнат е  прагот за регистрација на даночните обврзници за ДДВ од 1.300.000 на 2.000.000 денари“, обвинува дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

„Додека Груевски сам со себе се договори што придонесува за зголемување на конкурентноста на македонската економија, намалувањето или покачувањето на прагот за регистрација на ДДВ, македонските фирми се затвараат“, додава тој.

Во 2015 година приходите по основ на ДДВ се пониски за 6.3% од проектираните и што е уште поалармантно, во апсолутен износ приливите од ДДВ во 2015 година се пониски од износот собран во 2014 година.

Наумов тврди дека колапсот на државната каса доволно зборува и фактот дека и покрај средствата од четвртата еврообврзница за само два месеци Ставрески преку домашните аукции на државни хартии од вредност го зголеми нето долгот за нови 60 милиони евра. Колку е алармантна состојбата потврда е и закажаната аукција за наредниот вторник, иако нема доспеани долгови за враќање.

Дополнителниот заменик посочува дека погрешните економски политики на Груевски и Ставрески преку индиректно зголемување на даноците се прави обид за зголемување на приходите во буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите