19 Декември, 2025
0.0604

Наумов со коментар за реакцијата на НБМ

Објавено во: Економија 12 Мај, 2016 16:32

Добивај вести на Viber

Зголемената референтна каматна стапка деновиве е причина за препуквање и разно разни обвинувања меѓу дополнителниот заменик министер за финансии во оставка, Кире Наумов и Народна банка.

Откако денеска Централната банка реагираше на вчерашните обвинувања и согледувања на девизниот пазар и случувањата во економијата од страна на Кире Наумов, со коментар и реакција се јави и тој.

Имено, во писменото соопштение Наумов приложува економска потвреда со која тврди дека  зголемувањето на референтната каматна стапка беше избрзана и неефикасна мерка.

„За да може да се каже дека зголемувањето на референтната каматна стапка имала било каков ефект во насока на поддржување на денаризацијата, прво треба да отпочне и да профункционира трансмисиониот механизам.

Трансмисијата на ефектите почнува со пренесување на ефектот од зголемените каматни стапки од НБРМ на меѓубанкарскиот пазар. Следен чекор во каналот е реакција на банките во насока на преземање на било каква активност поврзана со каматните стапки, како одговор на контракцијата од НБРМ.

Односно, стабилизирањето на девизниот пазар, не беше последица на ефектуирање на мерката, зашто за истото да се случи требаше да се исполнат минимум два критериуми: да постои пренесување на импулсот на меѓубанкарскиот пазар и потоа импулсот да се пренесе кон крајните корисници.

По зголемувањето на референтната стапка, очекувано беше да се реализира барем побараниот износ на благајнички записи на вчерашната аукција, односно банките да одговорат со поголема понуда на зголемената каматна стапка. Но тоа, не се случи. По нештата на логиката, кога ја кревате референтната каматна стапка, а сепак оставате повеќе пари во системот, создавате само алиби за зголемувањето на каматните стапки на државните хартии од вредност во насока на задоволување на апетитите за понатамошно задолжување. Исто така,  изостана реакцијата на банките во поглед на зголемување на каматите, пред се на денарските депозити“, објаснува Наумов во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии