18 Декември, 2025
0.0384

НАВИКИ ИЛИ ДЕБЕЛИ СМЕТКИ: Во пандемија со картички сме потрошиле 166 милиони евра во странство

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2021 07:21

Добивај вести на Viber

Нешто над 166 милиони евра потрошиле со македонски картички граѓаните лани во странство. Сумата е за дури 122 милиони евра помала од таа во 2019 година, што секако се должи на фактот дека минатата беше година на пандемија на коронавирусот па патувањата беа речиси целосно ограничени. Сепак и од овие пари не сите се потрошени надвор, затоа што голем дел отпаѓа на пазарење преку интернет од странски фирми. Падот на трошењата надвор се огледа и во направените трансакции, па така ако во 2019 година со картички издадени во Македонија во странство се реализирани 8.366.358 трансакции, во 2020 година биле 5.727.733.

Корона кризата го направи живеењето поразлично, па човештвото се соочи со предизвикот да се зачува здравјето, но кризата значеше и економски последици кои се рефлектираа во сите национални економии. Поради ограничувањата, страдаа цели сектори, а патувањата беа сведени на минимум. Сепак македонските граѓани трошеле со своите картички, како дома, така и надвор. Од вкупно 166 милиони евра колку што „симнале“ од сметките, само за плаќања во странство, и покрај ограничувањата, најголем дел се пари потрошени на физички места за продажба односно на пос терминали во странски земји. Така од македонски картички се потрошени 81 милион евра во над 2,8 милиони трансакции.

На виртуелни места за продажба односно преку интернет потрошени биле 62,3 милиони евра, а реализирани се 2,7 милиони трансакции.

Со македонски картички се повлекувале и пари како готовина на странски банкомати а така се извадени 22,8 милиони евра.

Ако се анализира по земји најмноги пари завршиле во Ирска, каде сме „оставиле“ 12,7 милиони евра. Следува Србија, каде од македонски картички биле потрошени 11,5 милиони евра, па Унгарија со 10,3 милиони евра. Следни се САД и Германија.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа