Навивачка инфузија од милијарда долари
Објавено во: Стил 02 Јуни, 2014 22:55
Произведувачите на текстил во Бангладеш забележаа близу милијарда долари вредни порачки на мајци за фановите и навивачките тимови кои ќе учествуваат на Мундијалот.
На десет дена пред почетокот на Светското првенство на фудбал во Бразил, текстилните фабрики во Бангладеш работат со полн капацитет, и покрај серијата неодамнешни штрајкови кои ја погодија текстилната индустрија на таа земја, пишува францускиот весник Експрес.
Здружението на произведувачи и извозници на облека во Бангладеш (BKMEA) кое го сочинуваат неколку илјади компании кои пред се произведуваат мајци, објавија дека испораките на оваа стока годинава пораснале за 14 одсто, благодарение на предстојното Светско првенство во фудбал.
„Стотици наши фабрики забележаа значаен пораст на нарачки на мајци за навивачи“. Се` уште немаме точни податоци, но вредноста на извозот на оваа стока би можел да биде помеѓу 500 милиони и една милијарда долари“, - изјави претседателот на BKMEA, Мохамет Хатем.
Благодарение воглавно на Светското првенство, извозот на облека од Бангладеш во фискалната година која завршува на крајот на јуни, би можел да достигне рекордни 25 милијарди долари, што е три милијарди повеќе од претходната фискална година, наведува Здружението.
Фабриките во Бангладеш ги опремуваат произведувачите на спортска опрема, како што се „Пума“ и „Адидас“, и произведуваат мајци за навивачи на повеќе екипи на овогодинешното првенство во фудбал.
Бангладеш е вториот светски производител на облека, после Кина, наведува истиот извор.
Текстилната индустрија е главна економска гранка и обезбедува 80 одсто приходи од извозот и вработува повече од четири милиони луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





