19 Декември, 2025
0.0588

НБРМ го демантира Кире Наумов

Објавено во: Економија 12 Мај, 2016 11:42

Добивај вести на Viber

Коментирајќи го потегот на Народната банка за зголемување на референтната каматна стапка, дополнителниот заменик министер за финансии во оставка, Кире Наумов, вчера рече дека  во февруари и јуни 2015 година, НБРМ интервенирала на девизниот пазар  со 153 милиони евра и 76,3 милиони евра соодветно, односно со суми поголеми од  интервенцијата во месец април годинава, додека пак во услови на подлабока нерамнотежа на девизниот пазар, НБРМ не интервенирала со дополнителни мерки.

„Во 2016 година во првите 3 месеци има пораст на депозитната база кај банките, отпочната е трета година по ред во дефлација, перформансите на банкарскиот сектор се подобрени, што може да се потврди и од финансиските извештаи за прв квартал 2016 година на трите водечки банки кои објавија за четири пати поголема добивка во однос на истиот период минатата година. Со други зборови, сите показатели упатуваат на непостоење на причина за подигање на референтната каматна стапка“, објаснува Наумов.

Меѓутоа од Централната банка на земјава денеска го демантираа Наумов .

Во реакцијата на НБРМ се вели дека Наумов шири дезинформации и дека во февруари и јуни 2015 година, НБРМ интервенирала на намалувањето на вкупните девизни резерви, а НЕ на интервенциите на девизниот пазар .

„Така, намалувањето на девизните резерви од 153 милини евра во февруари 2015 година е исклучиво резултат на предвремената отплата на кредитот за предпазливост од ММФ, додека НБРМ во овој месец немаше никакви интервенции на девизниот пазар. Исто така, намалувањето на девизните резерви од 73,7 милиони евра во јуни 2015 година (а не од 76,3 милиони евра како во изјавата), во голем дел се должи на пазарното вреднување на девизите резерви, додека 37,7 милиони евра се интервенции на девизниот пазар, што е нормална сезонска динамика во овој дел од годината. Во 2015 година, вкупните интервенции на НБРМ изнесуваат 34,2 милиони евра за цела година, додека за само еден месец, во април 2016 година истите достигнаа 77 милиони евра.

Во врска со добрите показатели на банкарскиот систем за првото тримесечје на 2016 година и изјавата дека истите се подобрени, тоа е доказ дека поставеноста на монетарната политика, силната и здрава супервизија на НБРМ и добрите деловни политики на банките имаат резултат. Истата монетарна поставеност беше нарушена во средината на месец април, со шпекулациите за стабилноста на банкарскиот систем и за девалвација на курсот на денарот, што предизвика одлив на депозити од банкарскиот систем, а со тоа и намалување на ликвидноста на банките и високи интервенции од страна на НБРМ за стабилизирање на курсот. Во вакви околности, интервенциите со девизните резерви беа првиот браник на заштита, додека вториот браник, како секаде во светот, е реакција со основната каматна стапка. Во врска со тоа дека состојбите беа смирени и пред реакцијата со каматната стапка, истото не го потврдуваа податоците коишто НБРМ ги следи на дневна основа. Напротив, податоците покажуваат дека состојбите на девизниот пазар и во рамки на банкарскиот систем се стабилизираат ПО преземањето на реакција со основната каматна стапка.

Впрочем, … “Креаторите на политиката треба да направат корекција на почетокот и брзо, особено во помалите земји коишто не се "сидро на меѓународниот систем", Стенли Фишер, заменик претседател на федералните резерви, во интервју за 2013 година... "На економскиот лек му треба некое време за да проработи, а треба да се земе порано отколку подоцна. Ова значи дека креаторите на политиката, генерално, треба да се движат во пресрет на промените во економската ситуација, за која неизбежно тие не се сигурни”, стои во образложението на Народна Банка.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии