НБРМ го олеснува начинот и условите за отворање и имање сметки во странство
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2016 14:26
На денешниот Советот на Народната банка на Република Македонија денеска беа усвоени Финансиските извештаи на банката и Годишната сметка за 2015 година.
Советот на централната банка исто така донесе и неколку одлуки меѓу кои Одлуката за доставување податоци за извршени активности во платниот промет, Одлуката за изменување на Одлуката за менувачки работиОдлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и слично.
Со одлуката за доставување податоци за извршени активности во платниот промет се пропишуваат обврската за доставување податоци за извршените активности во платниот промет, содржината, начинот и роковите за доставување на податоците до Народната банка од страна на известувачите обезбедувачи на платежни услуги и операторите на платните систем а од НБРМ сметаат дека со оваа одлука ќе се обезбеди изготвување квалитетни податоци за платежната статистика и ќе се овозможи методолошка и оперативна подготвеност на платежната статистика на Народната банка, како идна членка во Европскиот систем на централни банки.
Со одлуката пак за за изменување на Одлуката за менувачки работи се доуредуваат одредбите за изготвувањето на записникот за утврдената состојба од извршениот надзор.
Што се однесува до начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, банката донесе одредби со кои се олеснуваат и се доуредуваат начинот и условите за отворање и имање сметки во странство.
Одредбите важат за неколку категории резиденти: дипломатски, конзуларни и други претставништва на Република Македонија во странство, физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија, коишто привремено престојуваат во странство шест месеци или повеќе, странски физички лица кои привремено престојуваат во Република Македонија и физички лица кои во исто време имаат и важечка странска патна исправа.
Значајна новина е и дека резидентите што се физички лица можат средствата од сметката да ги пренесат во Република Македонија и по истекот на рокот на важност на документот за престој или за работа во странство, како и документот за стекнати права. Новата одлука ја олеснува и наплатата на средствата стекнати во странство за коишто постои законита основа за нивното стекнување.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




