19 Декември, 2025
0.0569

НБРМ: Неизвесноста на домашната политичка сцена и понатаму ризик за економијата

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016 14:25

Добивај вести на Viber

Разгледувајќи ги состојбите во домашната движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика Централната банка на земјава заклучи дека неизвесните политички случувања и понатаму се ризик за економијата.

Монетарната поставеност  е соодветна, а економските и на финансиските услови овозможија на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 4%.

Гувернерот и надлежните оценија дека  затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај, засега, е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер.

Забележливи се видиливи знаци на  стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се позитивни.

Прогнозите за раст на домашната економија и понатаму упатуваат 2% на БДП за првиот квартал, но сепак домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу остварувањата и оцените за економската активност во вториот квартал.

Во однос на инфлацијата, од НБРМ оценуваат дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени во април се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација и натаму умерено се зголемува. Вкупната инфлација засега се движи во рамки на проекциите, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии