05 Мај, 2024
0.0487

Не бидете строги кон себе, ќе бидете посреќни!

Објавено во: Стил 22 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Експертите велат дека за здрав и долг живот е потребно да имате самосожалување. Тоа не значи дека цел ден треба да кукате и да се жалите: „Сирота јас, колку ми е тешко“, туку да не си правите притисок доколку не направите нешто како треба.

Личноста која има здрава доза на самодоверба, нема да смета дека таа е виновна за стресот и стресните ситуации кои не може да ги контролира, а исто така полесно ќе се избори со нив, односно нема да дозволи тоа да ја гуши и притиска.

Истражувачите тврдат дека способноста себе си да си простиме нешто, најнапред некој неуспех кој, всушност, не зависи од нас, за последица имаме  среќен, долг и просперитетен живот.

До овие заклучоци, научниците дошле после тестирањата на нивото на стрес на 41 лице на секој втори ден. Учесниците го рангираа своето ниво на сочувство, врз основа на тоа дали „се трудат да ја разберат страната на нивната личност која не им се допаѓа“ или „премногу строго им судат на своите мани и неуспеси“.

Веднаш после првиот ден на истражувањето, научниците открија дека оние кои имаат високо ниво на сочувство кон себе, подобро можат да се носат со стресот, имаат поголема самодоверба и се помалку сколни кон депресија. Значи, не станува збор да треба да седите и да не работите ништо правејќи низа од неуспеси за кои ќе наоѓате изговори, туку дека треба да научите да ги прифатите неуспесите и маните, како и да се трудите да бидете подобри, поуспешни во се што правите.

Имајте на ум дека тоа е добро за вашето здравје бидејќи наспроти тоа, личностите кои дозволуваат да ги совлада психолошкиот стрес, се сколни кон болести, како што е Алцхајмеровата болест, канцер и кардиоваскуларни болести.