29 Септември, 2024
0.3176

НЕ БИЛЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА АМА БИЛЕ НА СОСТАНОЦИ СО ГОСТИ ОД СТРАНСТВО -двајца Хрвати фатија омикрон, во земјава уште го нема

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Иако во државите низ светот забрзано се шири омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Сѐ уште доминантен останува делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.

Новиот сој омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.

Иако овој сој забрзано се шири, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот. Ова вчера го изјави главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот д-р Ентони Фаучи.

Тој напомена дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон.

Сојот омикрон досега е откриен во третина од американските сојузни држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег.

Според Светската здравствена организација (СЗО), лицата заразени со сојот омикрон, обично имаат поблага форма на болеста.

Техничката раководителка на Светска здравствена организација за ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција, и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Но, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.

Во меѓувреме, вакцинацијата останува единствениот излез од епидемијата.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна