20 Декември, 2025
0.0521

Не добиле ни денар – Сопрена изградбата на пругата Битола-Грција

Објавено во: Економија 03 Септември, 2016 20:45

Добивај вести на Viber

Градежните активности на пругата Битола-Грција се целосно сопрени откако работниците излегоа на протест бидејќи изведувачот кој го доби тендерот не им исплатил ниту денар од декември минатата година, а долгот изнесува изнесува околу еден милион евра, пренесува Телма.
„Ги стопираме работите и додека не ни се исплатат парите нема да дозволиме да се работи. Ќе ни се приклучат и другите фирми подизведувачи, затоа што денеска ние тука сме мал дел од фирмите, па ќе видиме што ќе се случи понатаму. Имаме поднесено писма до Министерство за транспорт и врски и до Министерство за финансии, но од никаде ништо не сме известени. Од конзорциумот беа дојдени, ни ветија дека ќе платат до 28 август, но не платија. Пак им испративме писмо, одгвор нема, изјави Самир Елмази, подизведувач.
Поидизведувачите критикуваат дека ниту државата ниту Европската Унија од чии пари се финансира проектот за меѓугранична соработка воопшто не се грижат како се одвиваат градежните активности и како се трошат парите. Носител на проектот е Министерството за транспорт и врски, а од ИПА фондовите на ЕУ одобрени се околу 20 милиони евра. Работите на пругата започнаа на 15 јануари 2015 година, а според предвидената динамика, железничката траса од Битола до Кременица, во должина од 17 километри, требаше да биде готова пред еден месец. Доколку барањата на околу 50 градежни фирми не бидат исполнети протестите ќе се радикализираат и ќе се блокира меѓународниот пат кон Грција. Засега пруга е поставено на само еден километар. Од фирмите подизведувачи велат дека иако средствата се одбрени од европските фондови, досега тие ја финансираат оваа делница. Доколку во наредните неколку дена не си ги добијат парите, ќе ги радикализраат протестите. Од Министерството за транспорт и врски, велат дека за проектот што се изведува преку ИПА програмата на ЕУ, Министерството за финансии ги исплатило сите пари на изведувачот за доесга сработеното но, што договорил изведувачот со фирмите подизведувачи, државата не може да се меша, велат од Министертсвото за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба