17 Мај, 2024
0.0308

НЕ Е ЛОШО: КАКО СРАБОТЕ КОМПАНИЈАТА НА СЕМЕЈСТВОТО НАКОВИ ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - чист профит од 1,5 милиони евра

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

И во услови на криза, групацијата на семејството на бизнисменот Штерјо Наков покажа дека умее да работи не само профитабилно, туку и да го зголеми финансискиот резултат. Во првите девет месеци од годинава групата „Ферршпед“ остварила профит од 1,5 милиони евра, што е пораст од 12 проценти во однос на истиот период лани, говоири Билансот на успех на компанијата.

Во своето образложение на финансискиот резултат се наведува и дека компанијата остварила значајна оперативна добивка, што е всушност добивката пред даночењето, и тоа на износ од 1,61 милиони евра.

Да одиме со ред и да видиме што покажува билансот на успех на оваа шпедитерска компанија.

Кога станува збор за оперативните приходи, односно за приходите што се остварени од основната дејност на компанијата, се гледа дека тие во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 60 милиони евра, што е раст од 5 отсто во однос на истиот период лани.

Притоа, практично сите приходи што се остварени, се приходи од продажба, а најголемиот дел од нив се од продажба на домашниот пазар, и тоа дури 57,6 милиони евра. Во однос на истиот период од претходната година тоа е зголемување за седум проценти. Додека, пак, кај приходите од продажба на странскиот пазар има намалување за 18 отсто, но тие се сосема мал и незначаен дел од работењето на оваа шпедитерска компанија. Намалени се и останатите оперативни приходи на компанијата, и тоа за 50 проценти, односно тие сега се на ниво од 153 илјади евра, што е исто така речиси минорен дел од вкупните приходи.

Пораст има и кај оперативните расходи, и тоа за 5 отсто, така што тие на крајот на првите три квартали од годинава изнесувале 58,2 милиони евра.

Најголем дел од трошоците отпаѓаат на услуги со карактер на материјални трошоци, и тоа изнесуваат 48,2 милиони евра, што е раст за еден отсто во однос на истиот период лани.

Набавната вредност на трговските стоки пораснала за 16 отсто, а најголем пораст има кај трошоците за суровини и материјали, и тоа за дури 103 отсто, но тие претставуваат релативно мал дел од вкупните расходи.

Финансиските приходи бележат пад во однос на истиот период минатата година, а финансиските расходи, пак, имаат пораст.

Или, како што велат од компанијата, Група Фершпед АД Скопје во периодот јануари-септември 2022 година прикажува добивка од редовно работење и нето добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 101.223 илјади денари, или 1,65 милиони евра.

Инаку, во Фершпед најголем поединечен акционер е една друга партнерска шпедитерска компанија - „Макошпед“, со 19,65 отсто, додека, пак, синовите на Штерјо Наков, Драган Наков и Сашо Наков поседуваат по 11,83 и 11,06 отсто од капиталот.

Фабриката за чоколади Европа во Фершпед располага со 9,66 отсто, а самиот Фершпед си има 9,99 проценти сопствени акции во компанијата.

Инаку, Фершпед е доминантен сопственик мна Хотели Метропол Охрид, со над 73 проценти, а неодамна се појавувија информации дека шпедитерската компанија бара купувач за овој угостителски објект.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА