18 Декември, 2025
0.0715

Не е пријавено силување на девојката што се самоуби во скопски аеродром

Објавено во: 10 Март, 2016 11:43

Добивај вести на Viber

Полицијата во Скопје нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната Стефани Брзанова, која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аердром била нападната од такси возач, како што тврди нејзината мајка.

- Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверфени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче, велат од МВР.

Мајката на девојката во изјава за Либертас тврдеше дека ќерка и била силувана и затоа посегнала по својот живот.

Скопската полиција нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната Стефани Брзанова, која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аердром била нападната од такси возач, како што тврди нејзината мајка.

Телото на Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција  кој треба да ги провери наводите на мајката.