26 Април, 2024
0.3814

Не е среќен оној кој има што сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема: Денеска е ден на среќата

Објавено во: Стил 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на среќата, затоа денеска размислете што ве прави среќни, чувајте ја среќата и обидете се да уживате во неа. Насмевнете си и размислувајте почесто на насмевките, на саканите, на љубовта.

Меѓународниот ден на среќата прв пат беше одбележан на 20 март 2012 години откако  Обединетите Нации на 28 јуни  2011 година одлучија секоја година токму на овој ден да се прославува Денот на среќата.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, тогаш истакна дека овој ден треба да потсети да им помагаме на другите луѓе.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“ – изјавил тој.

Еве неколку убави цитати за среќата

Извесна количина на напнатост е неизбежен дел од животот, а извесна количина на тешкотии е знак на живеење. Уште повеќе, среќата мора да се заслужи. Таа не доаѓа во пилули. (Артур Гордон)

Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа кога е добра, да бидеме трпеливи кога е лоша. (Ла Рошфуко)

Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно. Доколку се чувствува слободно, ќе ти остане засекогаш во рака. (Фридрих Хебел)

Ние би биле целосно среќни или барем блиску до среќата, кога навистина би го имале тоа што завидливците околу нас мислат дека го имаме и кога сето тоа би го имале под онакви услови како што тоа им се чини на нив. (Иво Андриќ)

Не е среќен оној кој има што сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема (латинска поговорка)

Да се биде среќен значи да се биде слободен, не од болка или од страв, туку од грижи или тешкотии (Оден)


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти