НЕ ИМ ТРЕБААТ КОЛЕГИ, СИ ИМААТ РОБОТИ: Компанија не вработува нови работници, АИ е главен!

Објавено во: Економија 09 Април, 2025 07:00
Shopify нема да вработува нови работници освен ако менаџерите не покажат дека вештачката интелигенција не е способна да ја заврши работата, напиша извршниот директор Тоби Лутке во новиот меморандум до вработените.
Тимовите во компанијата за е-трговија треба да ја интегрираат вештачката интелигенција во нивните работни текови, а тоа ќе се очекува од сите вработени во иднина, напиша Лутке.
„Пред да побараат повеќе вработени и ресурси, тимовите треба да покажат зошто не можат да го прават она што го сакаат користејќи вештачка интелигенција“, напиша тој.
Канадскиот Shopify, кој им помага на бизнисите да поставуваат веб-страници за е-трговија, е една од сè поголемиот број компании кои им даваат приоритет на вработените кои знаат како да користат вештачка интелигенција.
Технолошките компании инвестираат пари во развојот на вештачката интелигенција (ВИ), а компаниите низ индустриите бараат работници кои можат да користат или да градат алгоритми и модели на вештачка интелигенција.
Лутке исто така рече дека вработените ќе бидат испрашувани за употребата на вештачка интелигенција во нивните прегледи на перформансите, иако во меморандумот не е прецизирано дали оваа филозофија на компанијата ќе доведе до отпуштања.
Вработените во Shopify работат „од далечина“ и бројат околу 8.100. Нивни клиенти беа малите бизниси, но од неодамна тие почнаа да им приоѓаат на поголеми клиенти со цел да одржат стабилен профит. Компанијата рече дека ќе треба да ја прифати вештачката интелигенција за да продолжи да расте.
„Ја користиме во основа секоја алатка за вештачка интелигенција таму“, рече портпаролката на Shopify.
Shopify претходно имаше предизвици за продуктивност.
На почетокот на 2023 година, меморандум од главниот оперативен директор на Shopify им наложи на вработените да престанат да одржуваат „апсурден број“ состаноци. Компанијата избриша 12.000 настани од календарите на своите работници, ослободувајќи 95.000 часови за пофокусирани задачи.
Курир.рсМожеби ќе ве интересира
„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни
„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите
НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија
