09 Јуни, 2023
0.0249

НЕ КАЖА КОЈА Е ТАА ДРЖАВА: Зеленски се пожали дека некоја европска земја им пратила систем за воздушна одбрана, но тој не работел

Објавено во: Свет 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Новинари од Асошиетед прес го придружуваа Володимир Зеленски на дел од неговото патување оваа недела низ предните региони и во пограничниот регион Суми.

Во тоа време, украинскиот претседател ги повтори барањата на Украина за помодерно оружје, а исто така рече дека некои елементи обезбедени од Западот не функционираат.

„Имаме одлични одлуки за патриотите, но ги немаме во реалноста“, рече тој, мислејќи на ветениот систем за воздушна одбрана од САД.

Зеленски рече дека на Украина и се потребни 20 батерии од системот Патриот, за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.

Зеленски додаде дека европската нација испратила друг систем за воздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал, и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Тој не прецизираше која е таа држава.

Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „се уште нема ништо кога се во прашање модерните борбени авиони“.

Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот, како и поради предизвиците за обука.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада

(ВИДЕО) Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада

Сириецот кој изврши напад во Франција, носел крст и молитвеник

Сириецот кој изврши напад во Франција, носел крст и молитвеник

(ВИДЕО) Кои градови се најдобри за живот за пензионери?

(ВИДЕО) Кои градови се најдобри за живот за пензионери?

Азилант од Сирија e напаѓачот кој ги избодел четирите деца во Франција

Азилант од Сирија e напаѓачот кој ги избодел четирите деца во Франција

(ВИДЕО) ДОБИ АПЛАУЗ: Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот

(ВИДЕО) ДОБИ АПЛАУЗ: Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - напаѓач избоде со нож шест мали дечиња, две се во критична состојба

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - напаѓач избоде со нож шест мали дечиња, две се во критична состојба

ФОРИН ПОЛИСИ: Путин е во тесно, Русија се повеќе наликува на држава што се распаѓа

ФОРИН ПОЛИСИ: Путин е во тесно, Русија се повеќе наликува на држава што се распаѓа

„ВАКА ИЗГЛЕДА РАКОТ, СЕГА И МЕТАСТАЗИ ВО МОЗОКОТ“: Шенон Доерти за нејзината најдолга борба

„ВАКА ИЗГЛЕДА РАКОТ, СЕГА И МЕТАСТАЗИ ВО МОЗОКОТ“: Шенон Доерти за нејзината најдолга борба

ЊУЈОРК Е НА ВРВОТ, СТАНА НАЈСКАП ГРАД НА СВЕТОТ ЗА СТРАНЦИТЕ: Го надмина Хонг Конг кој четири години беше на врвот

ЊУЈОРК Е НА ВРВОТ, СТАНА НАЈСКАП ГРАД НА СВЕТОТ ЗА СТРАНЦИТЕ: Го надмина Хонг Конг кој четири години беше на врвот