19 Април, 2024
0.0272

Не ме чачкај, не те чачкам

Објавено во: Стил 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Нашиот народ изобилува со еден куп мудрости, кои напати ги кажуваме само онака, без да помислиме на значењето. Па за да се направиме мудри и интересни некаде, ќе треснеме некоја таква животна вистина, со која најчесто и не сме во склад во нашата живеачка. Затоа се ежам кога оние фамозни 10 Божји заповеди се тресат од ракав, а да земеме реално, ретко кој живее така.

За жал, живеам и живеете во земја која е измачена од владеачки гарнитури кои ветуваат се’ и сешто дедека не си ги сместат задниците во меките фотељи. Живееме со луѓе кои ги идеализираме и за кои рака сечеме дека се поинакви од другите, додека не ја вкусат моќта. И не знам за вас, ама мене тоа ме остава со голема горчина, која само ми се таложи. Решив дека нема на ФБ да пишувам за политика. Дека нема повеќе со прст да мрднам за да сменам нешто, освен во себе и кај себе. Оти ми е мачно да ги вергламе цело време истите работи. Смачено ми е, а и тажно кога гледам дека политиката го вади најлошото од луѓето околу мене. Оние за кои знам дека на мравка не газат, сега блујат отрови. Од бес, од немоќ, од што им е преку глава редовно да плаќаат сметки, даноци, да се примерни граѓани, а за возврат да добиваат ластици по глава.


Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре