Не може да бидеме робови седум дена во неделата, порача Димовски од ССМ
Објавено во: Економија 01 Мај, 2022 13:21
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска организираше протест во главниот град и порачаа дека не можат да бидат робови седум дена во неделата.
ССМ бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.
„Ќе блокираме сѐ и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета“, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.
Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро. Протестот заврши пред Владата.
фото Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




