НЕ НИ ГИ ДАВААТ КУФЕРИТЕ, НИ ВЕЛАТ ДА ОДИМЕ ВО ХОТЕЛ - 100 лекари заробени на аеродромот во Франкфурт
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2022 08:57
„Ова е нечуено. Не ни даваат куфери, немаме работи со нас. Ни велат да одиме во хотел. Се е веќе резервирано, не можеме ни да најдеме сместување“. Вака за „Блиц“ велат српските лекари д-р Драган Стајиќ и д-р Дејан Димитријевиќ, двајца од околу 100-те гинеколози и ортопеди од Србија, кои беа заробени на аеродромот во Франкфурт откако им беше откажан летот за Белград.
Д-р Стајиќ и д-р Димитријевиќ беа во Лисабон на Конгресот на гинеколози и ортопеди на Србија. Тие патувале преку агенцијата Фог. Вчера вечерта го напуштија Лисабон, а трансферот требаше да биде во Франкфурт, а потоа да одат во Белград. Но, на половина пат застанаа поради - штрајк на вработените на аеродромот!
Но, и тоа не би било толку голем проблем доколку не им ги снемало куферите кои ги предале пред да се откаже летот. Им било кажано дека до понеделник нема да има летови за Белград и дека утре ќе дојдат по багажот.
- Ова е нечуено. Не ни даваат куфери, ги немаме нашите работи со нас. Ни велат да одиме во хотел. Се е веќе резервирано, не можеме ни да најдеме сместување. Луфтханза ни нуди авион во понеделник, за само десетина луѓе. Сите ние мора да одиме на работа веќе тогаш. Бараме надлежните од нашата земја, министерството или амбасадата да се вклучат и да помогнат во решавањето на овој проблем - велат за „Блиц“ гинеколозите д-р Драган Стајиќ и д-р Дејан Димитријевиќ.
Можеби ќе ве интересира
КОЈ Е ЃУРО МАЦУТ? - Ендокринолог на чело на новата Влада на Србија

ВУЧИЌ ОТКРИ КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ МАНДАТАР: Ѓуро Мацут ќе раководи со Владата во Србија - изборот треба да заврши до Велики петок

ХАОС ВО ДАЛМАЦИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО - дел од патишата се затворени, авионите принудно слетуваат во Бари
СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО - Портокалова метеоролошка тревога во Србија, за утре се најавуваат мраз и температури под нулата
ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО СВОЈАТА МАИЦА: Каква порака испраќа?

(ВИДЕО) БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Загинаа седум луѓе меѓу кои и три деца

СЕ УРНА ТАВАН НА ГРАДИНКА: Три деца се повредени во Босна

(ВИДЕО) НАВРНА ДОЖД КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Апокалиптични сцени во Грција
