НЕ ОДЕТЕ НА ШАЛТЕР - за продолжување на додатокот за трето и четврто дете постапката ќе ја почнат надлежните
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 15:25
Оние граѓани што користат родителски додаток за трето и четврто дете, да не одат во Центрите за социјлна работа за да го продолжат ова право, што требаше да се стори заклучно со 31 овој месец.
Од Министерството за труд и социјала информираа дека постапката за продолжувањето на ова право ќе јам почне по службена должност надлежниот Центар за социјална работа.
„Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на
корона вирус донесени од Владата, Министерството за труд и социјална политика ги
известува корисниците на правото на родителски додаток за
дете (трето и четврто дете) кои се уште немаат поднесено барање за продолжување на правото, кое согласно Законот
за заштита на децата треба да се поднесе до 31.март 2020 година, дека постапката за
продолжување на правото по службена должност ќе ја поведе надлежниот центар за
социјална работа, заради заштита на јавниот интерес и здравјето на
граѓаните“, се вели во соопштението.
По завршувањето на мерките потребно е корисниците во рок од 15 дена до центрите да ја достават потребната документација, за што ќе бидат и дополнително известени од страна на центрите, потенцираат од овој ресор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





