29 Март, 2024
0.0274

Не оди на работа, за да ти помине денот

Објавено во: Колумни 28 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Се што правиш, прави го најдобро што можеш!

Сите сме различни и убаво е што е така. Желбите, очекувањата за себе и најблиските не прават уште поразлични. Човековата природа е љубопитна, а убаво би било тоа да се искористи за продуктивни цели, со цел да еволуираме и да постигнеме успех. Но тој пат, едно е сигурно, сите различно го одиме. Некој со забрзани чекори, други пополека, едни стигаат до целта, а други се успиваат по патот. Доброто и лошото е во секој од нас, предрасудите и егото ни се различно димензионирани, а притисокот кој го правиме сами на себе е сепак она што најмногу не разликува едни од други. Најлесно е некого друг да го обвиниш за сопствениот неуспех. Длабоко во себе верувам во добрината на луѓето.

Ме вознемируваат тажни слики, незадоволни и нереализирани луѓе, љубоморни пријатели.

На враќање од еден службен состанок, поминав со автомобил под скопското кале, и тоа што го видов беше навистина грда слика.! Илјадници луѓе, на земја распослани чаршафи продаваат најразлични дрангулии, стари работи, и што ти не. Студот не ги предомислува во нивната намера да заработат 100, 200 денари. Покрај нив уште три пати повеќе луѓе во потрага по нешто! Центар на главен град..сива економија..беспарица...никого не осудувам, ниту потценувам..само прашувам зошто  е така?..Не сакам тоа да биде сликата на мојот град! И уште полошо зошто така да живеат илјадници луѓе.

За некого е касно да се менува, друг нема ни можност. Но повеќето од нас кои сакаме повеќе од животот, треба само малку да направиме за да се промениме. Промената кај другите најчесто ја поврзуваме со позитивни очекувања, а за  сопствена промена речиси секогаш даваме отпор.

Зошто еден ден да не се разбудиме, и да си речеме овој ден сакам да ми биде подобар од вчерашниот. Она што го работам да го направам подобро, а не да одам на работа само за да ми помине денот. Зошто своите деца да не ги поттикнуваме и охрабруваме, и да ги пофалиме за позитивна работа!! Зошто да не сакам повеќе? Поголема плата, повеќе почит, подобра комуникација, повеќе разбирање.

Затоа за почеток свртете се кон себе, својот дом, семејство и работа, и престанете да се занимавате со другите. Намалете ја комуникацијата со луѓе кои само ви го губат времето. Секогаш  поставете приоритети. Избегнувајте озборување, муабети за политика (македонците се шампиони во светот по муабети на тема политика , кој со кого..кој што рекол..сите се експерти, а во суштина  заложници на политичарите..а медиумите најголеми губитници) и се она што не придонесува кон вашиот личен развој. Секојдневно среќавам луѓе кои се жалат дека им е тешко, дека крај со крај крпат, дека не им се дава шанса...а притоа никако не сакаат малку да се испотат. Цврсто сум убеден дека работлив и вреден човек не може да биде сиромашен во Македонија! Кога сите работи си ги сработуваш, тоа неможе да не остане незабележано. Па кој не сака вреден работник!

Најчесто вработените не напредуваат оти не сакаат да превземат одговорност! За ова сме махери, се дистанцираме од секоја поголема работа. Најверојатно тоа е заради тоа што се плашиме да не постигнеме неуспех, па затоа најдобро е да се плаче над својата судбина отколку да се превземе одговорност. И она што треба да го сфатиме е дека веќе се помалку постои колективна свест и заедништво. Напротив живееме во свет на индивидуализам и себичност, кој треба да го прифатиме како реалност. Ако мене не ми оди во животот не е крива владата, опозицијата или било кој друг.

Самоедукацијата е нешто што е најважно! На тоа треба постојано да работиме. Кога ќе достигнеш повисоко ниво на професионализам, ситуацијата е поинаква.

Се е до пристапот, кон себе, за себе..и кон другите.

Како што вели Пол Арен-,, Не е важно колку си добар, туку колку сакаш да бидеш добар.

М-р Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?