06 Декември, 2024
0.0281

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: КОИ СЕ НОВИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - „Изостоне“ е на Саудин Реџепи, а Симеон Павлов ја има „Чеза комерц“

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Додека подолг период трае вистинска берзанска војна за преземање на што поголем пакет акции од „Македонијатурист“, со што би се презела превласта врз оваа наша најстара и најуспешна хотелиерска компанија, интересно е да видиме кои се новите акционери, барем засега, според последната состојба на Централниот депозитар на хартии од вредност, во ова акционерско друштво.

Имено, како што веќе објавивме, според ревидираната состојба на ЦДХВ, се гледа дека Доне Таневски поседува 23,4 отсто од акциите, а по него следува Сава пензиски фонд со 8,8 отсто од акциите. Овој фонд е долгогодишен акционер во компанијата и останува долг период на пакетот од 8,8 проценти. 

По нив следува лицето Симеон Павлов, кој е нов акционер и кој постепено го зголемува својот пакет, за сега тој да изнесува 8,19 отсто, а по него следува исто така нов акционер, и тоа градежниот инвеститор Изо стоне ДООЕЛ, со 6,63 отсто од акциите, а и самата компанија има сопствени акции од 10 отсто. 

Уште околу 380 домашни физички лица поседуваат помали проценти акции во Македонијатурист. 

Фактор направи „скенирање“ на новите акционери на „Македонијатурист“.

Еве да видиме кој е всушност акционерот „Изостоне“, односно компанијата која поседува 6,63 отсто од акциите.

Имено, основач и сопственик на компанијата е Саудин Реџепи од Градец, Врапчиште, а тој е и управител на компанијата. 

Компанијата е друштво со ограничена одговорност на едно лице, односно ДООЕЛ, и е лоцирана на улица Штипска во Тетово. 

Основана е пред шест години или конкретно во 2018 година, работи во секторот градежништво, а нејзината дејност е изградба на станбени и нестанбени згради. 

Сппоред нејзината големина таа е средно голема компанија, а за капиталот и за неговоро потекло се наведува дека станува збор за приватна сопственост.

За нејзиниот паричен влог се наведува дека тој е 310 илјади денари, односно тоа се 5 илјади евра и тоа е најмалиот дозволен основачки влог на една компанија.

Што е интересно за компанијата од финансиски аспект. 

Имено, во ланската година таа остварила приходи од 2,45 милиони евра, но тоа е намалување за 28 отсто во однос на претходната 2022 година.

Но, затоа таа го зголемила профитот.

Или поточно, нејзините расходи изнесувале 1,47 милиони евра.

Сето тоа направило Изостоне од Тетово да има нето добивка за лани од 887 милиони евра, значи близу 900 илјади, и тоа е зголемување за 23 проценти. 

Кога станува збор, пак, за Симеон Павлов, новиот акционер на Македонијатурист, кој агресивно влезе во компанијата и веќе дојде до процент од 8,19 отсто, треба да се напомене дека тој се поврзува со компанијата Чеза комерц, формирана во 1990 година.

Основната дејност на компанијата е трговија и производство со јаткасти плодови, а годишниот обрт на производство од 15 илјади тони, како што напишале на својата веб страница, ја прави компанијата сериозен партнер во регионот и пошироко. 

Таа компанија работи со брендовите Нутини и Кибела, како и рефусни јаткасти производи, масти, масла, зачини, како и суровини за слаткарска и пекарска индустрија и останатите гранки. 

Компанијата соработува со повеќе од 40 земји, од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Македонскиот извоз и натаму во пад

Македонскиот извоз и натаму во пад

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот

СЕ ЗАТВАРА ФАБРИКА НА ПОЗНАТ БРЕНД ВО БЛИЗИНА НА САЛЦБУРГ - Моцарт бомбоните повеќе не се произведуваат во Австрија

СЕ ЗАТВАРА ФАБРИКА НА ПОЗНАТ БРЕНД ВО БЛИЗИНА НА САЛЦБУРГ - Моцарт бомбоните повеќе не се произведуваат во Австрија

УНИШТЕНИ СЕ НАД 66 ЛИТРИ ЈОГУРТ: Еве какви неправилности фатила АХВ во продавниците

УНИШТЕНИ СЕ НАД 66 ЛИТРИ ЈОГУРТ: Еве какви неправилности фатила АХВ во продавниците