19 Декември, 2025
0.2298

НЕ САКААТ МАСОВЕН ТУРИЗАМ: Грчки острови се на чекор да воведат такси

Објавено во: Економија 06 Август, 2025 17:48

Добивај вести на Viber

Мали грчки острови размислуваат за можноста да воведат туристичка такса за еднодневните посети. 

Пакси и Итака во Јонското море, размислуваат за можноста да побараат воведување специјална такса за еднодневни посети на туристите поради прекумерниот туризам, следејќи го примерот на островот Сими, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Сими, малиот остров во непосредна близина на Родос и на турското крајбрежје, минатиот месец побарал дозвола од Министерството за внатрешни работи на Грција да воведе такса од три евра за посетителите што доаѓаат на еден ден, а овој пример можно е да го следат и Пакси и Итака.

„Катимерини“ пишува дека градоначалниците на двата острови ја чекаат разврската на иницијативата на Сими, а потоа ќе ги донесат и нивните одлуки.

Градоначалникот на Пакси, Спиридон Влахопулос за весникот рекол дека доколку Владата, преку Министерството за внатрешни работи дозволи да се воведе ваква такса, тогаш е подготвен конкретното прашање да го покрене и на состанокот на општинскиот совет за да се донесе одлука.

Од друга страна, градоначалникот на Итака, Дионисис Станицас посочил дека на крајот од сезоната ќе се оцени конкретната можност.

Пакси, Итака, како и Сими се мали острови со 2.500 – 3.000 жители, а секоја година се соочуваат со огромен број туристи, а евентуалното воведување такса за туристите кои на еден ден пристигнуваат на островите без да преноќат, би имало за цел зајакнување на основните услуги на островите.

foto ekathimerini

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии