НЕ СЕ ЗАДЕВАЈТЕ: Ова се најопасните хороскопски знаци
Објавено во: Општо 01 Април, 2018
Иако, штом се спомне зборот опасност, на многумина прва на памет им паѓа Скорпијата, вистината е дека освен неа, има уште два други знака со кои не би сакале да си имате работа.
Тие ќе ве вовлечат во опасност и ќе уживаат во неа, но и во вашите реакции, кои за нив ќе бидат смешни и забавни.
Јарец
За Јарците, парите се најголемото достигнување, па токму затоа, сите емоции кон живите суштества им се ограничени. Не очекувајте да видите каква било емоција на нивното лице, ниту пак очекувајте тие да се потрудат да го покажат тоа на некој друг начин.
Ако сте решиле да ги повредите, имајте на ум дека тоа нема да ви оди така лесно, дури може да се каже и дека е невозможно.
Скорпија
Скорпиите пред сè, воопшто не се зли или бесчувствителни. Напротив, тие се многу чувствителни и кога некого сакаат - целосно му се предаваат.
Меѓутоа, доколку ги изневерите или повредите, ќе ја имате таа несреќа да ја запознаете нивната најмрачна страна. Доколку дојде до ваква ситуација, тие се во состојба буквално да ви го загорчат животот.
Затоа, најдобро би било да не ги ставате во такво искушение и сè ќе биде во ред.
Риби
Со потполно луди и нереални идеи, додека ви се смешкаат, низ главата може да им поминуваат мисли за тоа како би можеле да ви ги извадат очите, за да испробуваат најразлични експерименти врз нив.
За своја корист, Рибите се во состојба да смислат толку уверливи лаги, што вие никогаш не би ни помислиле дека се невистини. Тактички ќе ви ја најдат најслабата точка и ќе играат на картата на сожалување.
Толку многу се внесуваат во таквата улога, што за момент ќе си поверуваат и самите на себе. Штом ја остварат својата цел, едноставно ќе исчезнат, а вие дури во тој момент ќе дознаете со какви лажговци сте си имале работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.