25 Април, 2024
0.1827

Не сме манекени, тоа ни е работа: Пејачите се најголеми бренд амбасадори

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Ги гледаме на сцена или писта, ни се смеат од билборди или градски автобуси, на козметички или модни каталози. Како дами и господа, невести, гала и деловно облечени. Фановите сакаат да бидат како нив. Го копираат нивниот изглед од улица, патувања, настапи.. Сакаат да го живеат нивниот животен стил. Споделуваат фотографии на социјалните мрежи, имаат најмногу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нивниот приватен живот. Домашниот пазар на македонски или на интернационални брендови не се заситува од  нивните лица, става и харизма, а пресудна е и нивната популарност, полни концерти и растење на музички план.

Пејачите како музички бренд станаа најголеми амбасадори на модата и на лајвстајлот во Македонија. Со привилегии, но и обврски. На листата како најангажирани заштитни лица се и спортските ѕвезди, но врвот засега е освоен од поп-дамите Каролина, Лоба, Дани и Тамара, а меѓу поп-џентлемените се истакнува Лозано. Светскиот тренд-компаниите да ангажираат славни личности кои ги делат нивните вредности на облекување, живеење и однесување и кои ги промовираат исклучиво во позитивно светло е одомаќен и кај нас, велат на взаемно задоволство. Сите се во добивка. И  финансиска и како имиџ. И брендовите, и амбасадорите и потрошувачите.  

Како Каролина Гочева-Корубин, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Дани Димитровска и Влатко Лозаноски- Лозано стигнаа до статусот на најангажирани заштитни лица во Македонија и како се чувствуваат во улогата на бренд амбасадори открија ексклузивно за „Женски магазин“.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти