14 Декември, 2019
0.0233

Не сме свесни колку многу се корисни: зошто праските треба да ги конзумираме овој период

Објавено во: Стил 18 Јуни, 2019

Праската е една од омилените овошки на многу луѓе, но освен што се вкусни, тие се и многу корисни за нашиот организам.

За татковина на праската се смета Кина, но во модерните времиња станаа широко распространет плод. Постојат над 5.000 вида праски со жолта, розова или бела внатрешност.

Поради високата содржина на витамини и минерали, праските го подобруваат видот, дигестивниот и уринарниот систем и ја прават кожата мазна .

Праските содржат витамин Б, PP, Ц, Е и каротин (колку жолти се плодовите толку е повисока и неговата содржина).

Избирајте повеќе жолти праски, бидејќи каротинот ја подобрува циркулацијата и видот.

Праските исто така се богати со калиум, натриум, фосфор, магнезиум и калциум. Една од најважните состојки на праски е Пектинот кој зависи од степенот на зрелост - во зелените. Пектинот е два пати помал отколку во зрелите праски.

Вкусните плодови имаат и својства кои се спротиставуваат на процесот на стареење, го подобруваат имунитетот и ги отстрануваат токсините од организмот.

Чајот од праски во Кина се користи за чистење на бубрезите и исфрлање на штетните материи од организмот. Бидејќи има висока содржина на влакна и калиум, плодот може да ги намали стомачните киселини, воспаленијата и бубрежните заболувања.

Консумирањето праски е корисно и за функциите на цревата и за стимулирање на жолчката.

Поради содржината на магнезиум, праските ја подобруваат емоционалната рамнотежа, го намалуваат стресот и го зголемуваат расположението.

Праските содржат и витамин Ц, кој има важна улога во формирањето на колагенот. Овој вкусен плод може да биде корисен и во борбата против брчките, истовремено ја подобрува текстурата на кожата и помага на организмот да се справи со повредите предизвикани од сончевите зраци и загадената урбанизирана и индустриска средина.

Можеби ќе ве интересира

Како Хрват ја доживеа Македонија: Ќе ви се насолзат очите

Како Хрват ја доживеа Македонија: Ќе ви се насолзат очите

Луксузот има ново име: Ана Камчева и нејзината чанта колку еден автомобил

Луксузот има ново име: Ана Камчева и нејзината чанта колку еден автомобил

Излог

Излог

Сакам да ја гушнам Северина, да ѝ кажам дека ќе помине: Искрено интервју со Тијана

Сакам да ја гушнам Северина, да ѝ кажам дека ќе помине: Искрено интервју со Тијана

(ФОТО) Одличен совет за оваа сезона: Не изгледајте евтино и вулгарно во хеланки

(ФОТО) Одличен совет за оваа сезона: Не изгледајте евтино и вулгарно во хеланки

Дрим биг

Дрим биг

Правиме римско вино и бесквасен римски леб: Интервју со Василка Димитровска

Правиме римско вино и бесквасен римски леб: Интервју со Василка Димитровска

Изгледа како модел: Запознајте ја најмладата премиерка во светот

Изгледа како модел: Запознајте ја најмладата премиерка во светот

ПРИРОДНА И БЕЗ МНОГУ ШМИНКА - фотографијата што ја сака Елена

ПРИРОДНА И БЕЗ МНОГУ ШМИНКА - фотографијата што ја сака Елена