Не треба да се запрашаме зошто, туку како?
Објавено во: Колумни 21 Октомври, 2019 06:47
Не сакам да пишувам за политичката ситуација во Македонија, досадна е како последните дваесет и осум години во кој не гледаме ништо ново. За овие дваесет и осум години независност не успеавме да ја надминеме малограѓанштината во која живееме, не успеавме да седнеме и сериозно да работиме наместо да се фокусираме на тоа „дојди на позиција и кради, што ти е гајле утре ќе те сменат”.
Јасно ни е дека никој нема да оди во затвор, па судиите испаднаа најкорумпирани, да почнеме од Катица и кажано е се.
Знаете, многу е тажно што сите сме свесни дека немаме капацитет за да одиме кон Европа. Сите сте патувале по светот, знаете како се живее во Европа. Македонија денес не е тоа ниво, да не се лажеме. Ова е само едно големо разочарување поради тоа што знаеме дека „кој и да дојде исто ќе биде”. И тоа е најголемиот проблем, надеж веќе нема.
Размислував пред некој ден, како партиите ќе ги убедат генерциите што се денес дваесетгодишни, растени во инстаграм и снапчат светови, на различни идеали и вредности, каква програма ќе пондудат за да ги убедат да ги гласаат? Со зголемен минималец на 14.500 денари? Со закон за пензионирање на 62 години? Или можеби со „името не го даваме и Македонија на Македонците”?
Не поминува таа приказна, Ви недостига визија. Немате визија за идните генерации што треба да Ве гласаат на изборите во март.
Затоа наместо да се запрашате зошто повторно не добивме датум за преговори, размислете како! Како да излеземе од оваа безнадежна ситуација, за иднината на нашата земја и за нашата.
Аријана Коскароваосновач и раководител на Creative Hub
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





